Талибаните забранија продажба на вијагра и филмови со непристојна содржина

Пакистанските талибани ги предупредија сопствениците на дуќаните во трговскиот центар Каркхан да не продаваат лекови за сексуална дисфункција, како вијаграта, ниту филмови со непристојна содржина.
Ова во вторникот го изјави начелникот на здружението на трговци од наведениот центар, Шамсхер Кхан Африди. Наведувајќи дека предупредувањето го добил во минатата сабота.Тој денеска информираше дека на илјадниците сопственици на дуќани во Каркхан им поделил памфлети во кои ги повикува да се придржуваат до наредбите.Талибаните порачале дека продажбата на лекови за сексуална дисфункција и филмови со голи сцени, се косат со принципите на исламот.Пакистанските талибани, кои практикуваат тврдокорна верзија на исламот, претходно подметнуваа бомби во продавници за музика и филмови во Пешавар.
Макфакс
 
 
 Пакистанските талибани ги предупредија сопствениците на дуќаните во трговскиот центар

Пронајдете не на следниве мрежи: