Танчерките на Бали учествуваа на новогодишната парада

Танчери на Бали учествуваа во парадата, која се одржува пред почетокот на Новата година. На улиците на Денпасар владееше празнична атмосфера.

Иако повеќето Индонезијци ја слават Новата година на ист начин како и повеќето земји во светот, во некои градови сè уште има акцент на традицијата.

Имено, некои ќе ја започнат 2023 година гледајќи го изгрејсонцето од врвовите на планините или урнатините на дрвените палати и храмови. Чекањето на првиот ден од годината додека сонцето „изгрева“ над хоризонтот е искуство кое вреди да се доживее.

Потсетуваме дека жителите на островите Самоа и Кирибати во Тихиот Океан први во светот влегоа во 2023 година. По нив во Новата година влегоа и жителите на Нов Зеланд.

Спектакуларни приеми беа организирани и во Австралија, Токио, Дубаи, Пекинг, Њујорк, Берлин и други големи градови во светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.