Таткото на Вања негирал дека давал информации на Љупчо Палевски за движењето на неговата ќерка

Таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски на распитот во ЈО негирал дека давал информации на Љупчо Палевски Палчо за движењето на неговата ќерка, што според досегашниот тек на истрагата, доведе до нејзиното киднапирање, а потоа и до убиство.

Трамп го назначи Крис Рајт за секретар за енергетика
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска го назначи директорот на нафтената компанија од Денвер, Крис Рајт, за секретар за енергетика, пренесува АП.Рајт, и покрај научните докази, тврди дека емисиите на стакленички …
Шолц: Најдобар начин да се разбере што мисли Путин е да се зборува со него
Најдобар начин да се разбере што мисли рускиот лидер Владимир Путин за преговорите за Украина е да разговараме со него, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.Како што изјави за германските медиуми, шпекулациите …

За неговата инволивраност инфомрации на државните органи дале тројцата други обвинети за кои судија на претходна постапка веќе одреди мерка притвор. Таа денес треба да биде продолжена, откако обвинителството ќе добие кривична пријава против нив поднесена од МВР.

За него вчера беше одредена мерка притвор од 48 часа, за кој обвинителството ќе бара продолжување доколку тој влезе во истрага, бидејќи за сите осомничени освен за првоосомничениот се уште се води истрага.

За Палевски, се отвори истрага по итна постапка, а со цел МВР да може да ја распише меѓународната потерница.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.