Татко го фрлил својот син од мост, па се самоубил

Loading...

Полицијата во централниот дел на Германија соопшти дека маж од мост на автопат го фрлил и го убил својот девет годишен син, а потоа извршил самоубиство. Како што се наведува во соопштението на полицијата во Хесе, мајката на момчето дознала за неговата смрт кога на социјалните мрежи го видела прошталното писмо кое го објавил 36-годишниот татко.
Пред пет дена на железничка станица во Франкфурт еден маж ги турна под воз мајка и нејзиниот осум годишен син, при што момчето го загуби својот живот. Германската полиција не ги поврзува овие два настана.

loading...