Татко се обидел да ја убие ќерката (1) за да ѝ се одмазди на поранешната жена: Сакал детето што повеќе да страда, направил ужасна работа

Судот во Германија во средата осуди 30-годишен маж на 13 години затвор за обид за убиство затоа што и’ вбризгал жива во стапалото на неговата едногодишна ќерка. Неговата девојка е осудена на 12 години затвор поради учество во злосторството.Германската новинска агенција dpa објави дека мажот од гратчето Шпринг кај Хановер сакал да и’ се одмазди на мајката на детето, која го оставила набргу по раѓањето на девојчето.Според обвинението, таткото и неговата нова девојка знаеле дека отровот нема директно да доведе до смрт и сакале да му нанесат особено силна болка на девојчето.По инјекцијата, ќерката добила тешка инфекција во стапалото и осип по целото тело. Живата во нејзиното тело била откриена случајно при третата операција поврзана со труењето, јави dpa.Како што пренесува dpa, таткото и неговата 34-годишна девојка првично го негирале обвинението пред судот во Хановер, но непосредно пред крајот на судењето парот признал дека заедно во јули последен пат вбризгувале жива во левата нога и десниот зглоб на девојката. Не е јасно од каде ја добиле течната жива.Обвинетите можат да се жалат на пресудата. Имињата на обвинетите и на жртвата не се објавени, во согласност со германската политика за приватност.

Пронајдете не на следниве мрежи: