Тачи: Ќе прифатам покана за нов состанок во Брисел

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека дијалогот останува единствена разумна опција за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.

Тој изрази подготвеност да ја прифати поканата за заеднички состанок во Брисел, кој би бил свикан од високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон во следните неколку дена.
„Пропаѓањето на дијалогот не би требало да биде опција ниту за Србија, ниту за Косово. Заради тоа останувам решен и подготвен да ја прифатам секоја покана за заеднички состанок во Брисел кој би дошол следните денови од Ештон”, изјави Тачи за денешен „Блиц”.
Тој тврди дека Косово досега направило многу отстапки и останало конструктивно во напорите да дојде до договор, а дека „сега е време Србија, исто така, да стане прагматична и креативна во напорите за постигнување договор”.
Оценувајќи дека дијалогот е единствената разумна опција, Тачи вели дека обете страни се согласиле дека договорот е неопходен за да, како што вели, „се отвори ново поглавје на мир, толеранција и соработка меѓу двете држави”.,
Макфакс
Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека дијалогот останува единствена разумна опција за нормализирање на односите ме

Пронајдете не на следниве мрежи: