Тајани: Одлуката на Шолц за користење на германско оружје за напад на Русија може да доведе до Трета светска војна

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани предупреди дека одлуката на германскиот канцелар Олаф Шолц да ѝ дозволи на Украина да користи германско оружје за напади на цели во Руската Федерација може да доведе до Трета светска војна.

„Само една мала грешка може да има катастрофални последици. Тоа мора да биде јасно“, рече Тајани на националната конвенција на млади претприемачи.

Тој посочи дека Италија не се согласува со изборот на германската канцеларка и повтори дека Рим ја поддржува Украина, но италијанското оружје нема да се користи на цели на територијата на Русија, пренесува Анса.

Пронајдете не на следниве мрежи: