Не постои маж кој не сака гради, зарем не? Сепак, многу припаднички на понежниот пол се несигурни по прашање на своите адути и често се прашуваат што им поминува на мажите низ глава кога прв пат ќе ги видат. На социјалната мрежа Reddit мажите биле повикани да одговорат на едноставно прашање – што прво помислувате кога таа ќе се соблече прв пат?
Секако, мажите се пресреќни! Сите кои се изјасниле на темата се согласиле дека низ главата им поминуваат само позитивни мисли, а големината и формата на градите не им е важна. Кога станува збор за пуш-ап градници, мажите велат дека се свесни за фактот дека тие ги прават заоблени и подигнати, но бидејќи таков модел носи секоја жена, нив им е вистинска мистерија како изгледаат градите без поддршка и облека.
Мажите се изјасниле и за силиконските гради и секако, ги препознаваат пред да го соблечете градникот. Мажите велат дека силиконските гради најчесто ги гледаат во порно филмови, но невозможно е да им се подметнат силикони како природни гради. Едноставно се свесни дека се со поинаква форма и велат дека не им се интересни како природните гради.
„Драги дами, опуштете се и покажете ни ги вашите гради. Свесни сме дека сте различни и во тоа е магијата. Градите сами по себе се како сладолед за дете и навистина не е важно каква е нивната форма и големина“, гласи еден од машките коментари.