„Тајната на неговата вечна младост“ стана вирален хит низ светот – еве што јаде Бред Пит среде финалето на Вимблдон за да биде млад и на 60 години

Холивудската актерска ѕвезда, големиот заводник Бред Пит привлече огромно внимание на финалето на тенискиот Грен слем во Вимблдон со својот младешки изглед, но и со видеото каде беше фатен како јаде чипс

Камерите го уловија мегапопуларниот актер како ужива во вкусен чипс, а видеото набрзо стана вирално, пишува Тпортал.
Во коментарите под видеото објавено на Твитер, се појавија бројни досетки и шеги на тема изборот на грицки на актерот. Многумина на шега тврдеа дека можеби тоа е тајната на неговиот добар изглед, истакнувајќи дека и самите ќе почнат да уживаат во чипсот секој ден.

„Се обидувам да видам каков чипс јаде за да ја дознаам тајната на неговата вечна младост“, беше еден од најпопуларните коментари.
Покрај изборот на храна, Бред Пит уште еднаш привлече големо внимание со својот младешки изглед, поради што е тешко да се поверува дека во декември ќе наполни 60 години.

Познатиот актер блесна во лежерна и толку елегантна комбинација од сина поло кошула и свилена сина кошула заокружена со очила за сонце.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.