Ете што е животот. Сега Таљат Џафери се потсмева со Груевски. Имено во интервју за српска ТВ, внимавајте за српска ТВ тој изнесе според негово мислење оценки за психолошката состојба на Груевски. Во најмала рака ова е дегутантно поради фактот што Груевски го организираше амнестирањето на воените злосторници во 2001 прва за што слушавме негов разговор со Бонева. Никола Груевски договара двојазичност и амнестија на хашки случаи
Одозгора на ова, ВМРО-ДПМНЕ вети дека изборот на Таљат Џафери ќе го оспори пред Уставен суд на РМ. И тоа уште од кога. Па ни од тоа ништо. Се чини како да беше договорено под маса да си се замолчи полека полека и народот да заборави. Ама Таљат, пусти Таљат сега се чувствува силен и почна да го понижува Груевски отворено. Како ќе одговори ВМРО на ова? Се прашувате и вие? Па најверојатно со уште едно громогласно МОЛЧЕЊЕ, како и на се досега.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.