Тања Бошковиќ: Режисер е измислена професија од оние кои што немале дар, а сакале да бидат актери

Важеше за најубава актерка во Југославија, а убавината ја задржа и во седмата деценија.

Кога Тања Бошковиќ на почетокот од својата кариера во средината на седумдесетите, се качувала по скалите на дубровничкиот Страдун, глумејќи ја Пина во филмот„Окупација во 26 слики“, нејзините колеги Франо Ласиќ и Милан Штрљиќ го губеле здивот.

Замислете само што му се случувало на Мија Алексиќ при снимањето на „Човекот со четири нозе“, каде Даша цело време се шетала облечена само во пешкир за бришење раце, или пак на Драган Николиќ во „Балкан експрес“ кој бил принуден токму со Лили да го тамани фашистичкиот окупатор, играјќи го со неа „тангото на смртта“!? Без сомнение, првиот синоним кога ќе се спомене нејзиното име е – божица на еротиката во југословенската кинематографија.

По подолга пауза, бар кога се македонските медиуми во прашање, Тања ексклузивно зборуваше за единствениот естраден магазин Бекстејџ, а што таа кажа погледнете во линкот подолу

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.