Откако се појави во „Ѕвездите на Гранд“, Тања Савиќ многу не експериментираше со својот изглед и не ја менуваше бојата на косата, односно отсекогаш имаше црна коса.
Меѓутоа, пејачката сега направи драстична промена, па нејзините фанови не можеа да ја препознаат.
Имено, за потребите на нејзиниот нов спот кој наскоро треба да го објави, Тања потполно го промени изгледот и стана русокоса.
Во долг бел фустан и долга брановидна рускоса, фановите едвај ја препознаа пејачката.
„Драги мои, сакам да ви ја најавам долго очекуваната песна. Стигнува песна која ќе ги стопи и најтврдите срца. Спотот само што не е готов, дотогаш уживајте во фотографиите. Очекувајте нешто поразлично од мене“ напиша Савиќ на „Инстаграм“.
Фотографиите за кратко време добија илјадници лајкови,а под објавата само се нижеа позитивни коментари за новиот изглед на Тања.