Твитер сокри твит на Трамп, кој веднаш возврати и тргна во решителна акција

Loading...

Твитер сокри твит на Трамп, кој веднаш возврати и тргна во решителна акција

Познато е дека Фејсбук и Твитер одамна си ги поставуваат правилата за објавување како што им одговара и дека и повеќе од видливо се блиски до либералите односно левицата во САД. Особено го фаворизираа Обама и Клинтонови.

Сега Трамп реши да возврати. Во неговите твитови потенцираше дека Твитер и Фејсбук директно се мешале во изборите во 2016, а сега почнале повторно со кампања. И додаде дека ќе го сопре ова еднострано цензурирање на твитови и објави на републиканците и десничарите и тоа со закон.

Тој вчера потпиша указ со кој се ограничува заштитата на социјалните мрежи и слободата што ја имаат при модерирање на својата содржина. Имено, тие на овој начин можеа да прават што сакаат и беа над законот. Тед Круз, проминентна фигура кај републиканците исто така твиташе на тема и праша ако може да се тужи новинар од Сиенен зошто истото да не важи и за твитер или фејбук?! Ние би додале и Јутјуб.

Ако се погледне сопственичката структура на овие медиуми и мрежи се станува јасно. Без исклучок се во сопственост на луѓе блиски лично до Клинтонови и Обамови.

„Тие имаат неконтролирана моќ да ги цензурираат, уредуваат, кријат и менуваат сите форми на комуникација помеѓу поединците и пошироката јавност“, – рече вчера Трамп и ја започна официјално својата битка да се уреди праведно овој простор.

Досега Фејсбук, Твитер, Јутјуб и Гугл беа заштитени од судско гонење поради содржини објавени од трети лица и имаа слобода по сопствена процена да интервенираат на платформите. Токму ова сега ќе биде предмет на нов закон и ќе се регулира детално.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...