недела, 22 ноември 2026
Најново

Учество на министерот Муцунски на министерски состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Атина ќе учествува на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Групата ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а нејзината цел е поддршка на забрзувањето на пристапниот процес и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Состанокот е дел од редовниот политички дијалог со земјите од регионот, а во фокусот ќе бидат следните чекори и можностите за постигнување натамошни видливи резултати во ЕУ-пристапниот процес.

Поврзани вести