Тежнеењето на Западот за доминација ја зголемува опасноста од судири






Западните сили со сите можни средства настојуваат да ја одржат доминацијата на светската сецена, со што ја зголемуваат опасноста од избивање на судири, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„Потенцијалот за избивање судири во светот расте како директна последица на настојувањето на западните елити со сите можни средства да ја одржат својата политичка, финансиска, воена и идеолошка доминација“, рече тој во видео порака упатена до министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка и група поранешни советски земји, објавена од Кремљ.

„Тие (елитите) свесно предизвикуваат хаос и ја отежнуваат меѓународната ситуација“, оцени Путин.

Тој го обвини Западот дека „ја експлоатира“ Украина и го користи украинскиот народ како топовско месо во судирите со Русија.

Извор: МИА

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: