Текст со силна порака за сите уморни мајки

Мајките се возвишувани, но и често критикувани и осудувани. Милиони жени едногласно поддржаа моќна порака која стана светски хит, зашто потсетува дека мајчинското секојдневие апсолутно не е лесно и дека на секоја мајка ѝ се потребни барем 5 минути за да здивне и простор да не биде осудувана, бидејќи никогаш не се гледа целата приказна.
„Кога мајка вели дека е уморна, токму тоа и го мисли!
Таа не вели дека сака да го остави детето и да заборави дека тоа постои.
Кога мајка сака да помине малку време сама, само со себе, токму тоа и го мисли!
Не вели дека жали што е мајка и дека мајчинството е најголемата грешка во нејзиниот живот.

Кога мајка вели дека ѝ е потребна помош, токму тоа и го мисли!
Таа не вели дека е неспособна.
Кога мајка прави нудли за вечера, не значи дека таа го готви истото секој ден од неделата и дека има дете кое не знае за зеленчуци или месо.
Кога ќе пристигнеш во куќа на мајка и се соочиш со неорганизираност, тоа не значи дека секој ден нејзината куќа е несредена.
Кога мајка вели дека сака да излезе со свои пријатели, токму тоа и го сака! Не сака да се врати повторно да биде сингл или да не е мајка и да нема обврски.
Кога мајка вели дека е загрижена или исплашена, токму тоа и го мисли! Таа не вели дека ќе се откаже или уште помалку дека е кукавица.
Кога ќе слушнеш мајка како вреска, не значи дека таа постојано вреска, веројатно претходно го повторила истото 300 пати со нормален глас.
Кога ќе видиш нервозна мајка, на работ на лудило, не значи дека секој ден е во таква ситуација.
Зад сето тоа има контекст, цела ситуација.
Не измислувајте невистини за да осудувате некого, особено не жена која секој ден, цело време, се откажува од својот живот за да го живее животот на друго суштество за кое знае дека е поважно од неа.
На светот нема човечко суштество кое е способно да даде и донира толку многу колку што може мајка!
И тaa заслужува многу разбирање и помалку судења“!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.