Зеленски – Макрон: Франција е решена да ја обезбеди сета потребна поддршка за Украина да го победи рускиот агресор

Претседателот на Украина и на Франција, Володимир Зеленски и Емануел Макрон во денешниот телефонски разговор ја истакнаа „потребата на Киев“ за оружје и муниција.

„Потребите на Украина вклучуваат беспилотни летала, артилерија и муниција, електронски одбранбени системи и системи за противвоздушна одбрана“, објави Володимир Зеленски на социјалната мрежа Х (Твитер).

Според Володимир Зеленски, разговорот со Емануел Макрон бил „многу позитивен и конкретен“ и ѝ се за заблагодари на Франција за нејзината „непоколеблива поддршка“.

Елисејската палата соопшти дека Емануел Макрон ја повторил „решеноста на Франција да ја обезбеди сета потребна поддршка, долгорочна и со сите свои партнери, за Украина да го победи рускиот агресор“.

Емануел Макрон и Володимир Зеленски разговараа и за билатералниот договор за одбрана што Франција и Украина размислуваат да го склучат наскоро, по неодамнешниот договор на Киев со Велика Британија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.