ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ ГО „СПАСИ“ ЕРДОГАН: Турскиот претседател за малку ќе настрадаше од неочекуван „непријател“!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган доби неочекуван напад од „зад грб“. Го нападна „непријателска“ оса, а го спаси неговиот телохранител со брза реакција.

На интернет кружи видео на кое телохранителот отстранува оса од грбот на турскиот шеф на државата и брутално ја гази со чевел. Шефот на турската држава воопшти не реагира на мешаницата зад неговиот грбот и одржа говор како ништо да не се случило.

„Спасувачката акција“ што трае не повеќе од пет секунди, брзо стана хит на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.