По допинг скандалот со Ленс Армстронг, кој до темели го потресе светот на велосипедизмот, на ред би можел да дојде тенисот.Имено, Дик Паунд, поранешниот шеф на Светската антидопинг агенција, верува дека и ’белиот спорт’ има проблеми со допингот.Армстронг призна дека сите седум титули на ’Тур Д’Франс’ ги освоил со помош на допинг, а Паунд не крие дека се сомнева дека такви работи се случуваат и во тенисот.Како пример тој ја наведува физичката градба на денешните тенисери во однос на оние кои играле во осумдесеттите години од минатиот век.„Беше многу забавно на Вимблдон да се гледаат Џон Мекинро и Бјорн Борг. Изгледаа како млади старци. Дури и Иван Лендл, кој беше исклучително физички подготвен, би делувал како старец покрај денешните играчи, кои трчаат и се борат по три часа. Евидентна е разликата во физичката градба. Доколку тениските власти не веруваат дека играчите користат ЕПО (еритропоетин) и ХГХ (хормон за растење), тогаш тие не сакаат таму да го насочат своето внимание“, изјавил Паунд.ЕПО е ’одговорен’ за продукција на црвените крвни зрнца, со што кислородот многу побргу се пренесува до сите органи во организмот. Благодарение на ЕПО-то, организмот станува поиздржлив, така да спортистите во краток временски период можат да им се вратат на напорните тренинзи.Што се однесува до хормонот за растење, кога се употребува како стероид, придонесува мускулите, по напорните тренинзи или натпревари, многу побргу се опоравуваат.Нивното присуство во организмот може да се открие само преку крвта, а она што го поттикнува сомнежот кај Паунд е тоа што од страна на Меѓународната тениска федерација, при допинг контролите, на играчите ретко кога им земаат крв.
MakфаксПо допинг скандалот со Ленс Армстронг, кој до темели го потресе светот на велосипедизмот, на ред би можел да дој