Имате неколку неуспешни врски зад себе, доста ви е од неуспешни состаноци и полека ја губите вербата дека ќе го најдете „вистинскиот“?
Затоа е крајно време да го смените пристапот.
Терапевтот и сексолог Шарлин Даглас вели дека првиот проблем е што многумина потенцијалните партнери ги бараат исклучиво преку Интернет.
- Сопругата на Асад побара развод, не сака да живее во Москва?Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад,- прочитај повеќе
- ПРЕСВРТ | Maкедонија ја затвора Агенцијата за нуклеарна технологијаАко не сте знаеле, од 2010 година во Македонија постои Агенцијата- прочитај повеќе
- ИГРИ СО СТАТИСТИКИТЕ: Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денариЗа 550 денари се зголемила просечната плата во октомври во однос- прочитај повеќе
- На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазикЗа првпат се случува конференција на олку високо ниво за перспективите- прочитај повеќе
- Трамп ја најави „најголемата операција на депортација во американската историја“Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, вети дека веднаш- прочитај повеќе
– Многу луѓе се фокусираат само на апликациите за запознавање и немаат успех. Кога ќе вложите минимален напор само да гледате и да скролате, можеби ќе го сретнете човекот од вашите соништа, но ништо не е подобро од тоа да излезете и водите вистински разговори, вели Шарлин.
Ако веќе останувате на интернет, таа предлага и вие да излезете и да комуницирате со другите.
– Мора стратешки да ги избирате местата каде што одите. Можете да одите на вечери за самци, дали постои хоби што можете да го правите, а е доста интерактивно и каде можете да разговарате со други, објаснува таа.
Шарлин исто така препорачува, особено за слободните жени, некои работи да ги прават сами. Кога сте сами, другите ви приоѓаат и ве поздравуваат.
Контактот со очите е исто така многу важен.
– Кога сум сама, ми приоѓаат непознати мажи да се поздрават и да разговараат, повеќе отколку кога сум со пријателките, бидејќи тогаш им е многу понепријатно – истакнува Шарлин.
Можете сами да одите во театар или во кафуле.
– Моја пријателка отишла во кафуле и седнала покрај прозорецот. Ги привлекла погледите на многу мажи кои минувале и и се насмевнале. Била толку шокирана што останала еден час повеќе отколку што вообичаено би останала – вели Шарлин.
Таа споменува и голема грешка која многу луѓе ја прават во врските.
– Успешната врска бара труд. Не верувајте во митот дека се сакате еден со друг и тоа е сè што е потребно. Мора да се потрудите да ги одржите живи интимните односи и врската. Толку многу луѓе раскинуваат, а потоа велат дека тоа е затоа што се фокусирале на други работи – предупредува Шарлин Даглас.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.