На централната автобуска станица во израелскиот град Бершева денеска се случи терористички напад во кој беа ранети девет лица, додека една жена почина на местото на нападот.Ова го објави „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на лекарите од итната помош кои дошле на помош на настраданите.Се наведува дека жртвите биле избодени, од кои едната била во критична состојба и не преживеала и покрај укажаната помош.
#BreakingNews 1 killed, 8 wounded in terror attack at Beersheba central bus station ISRAEL. #Israel #attack pic.twitter.com/VfLQlQu5BH— To the WORLD (@totheworlddotin) October 6, 2024
Останатите ранети се пренесени во болница со повреди од лесни до средни.
🚨A violent shooting and stabbing attack in Beersheba bus station left 1 dead and atleast 10 wounded, including a 20-year-old woman in critical condition and others with moderate to serious injuries. #Hezbollah #Lebanon #Israel #Iran #Iraq #Syria #Gaza #Hamas #Palestine https://t.co/rZjEox0oHq pic.twitter.com/KwQ7zdVThu— GlobalSpotlight (@GlobalSpotlite) October 6, 2024
Израелскиот весник наведува дека напаѓачот бил застрелан и убиен.Очевидец кој случајно се нашол на местото на злосторството изјави за N12 дека видел војници како пукаат во напаѓачот. Медиумите објавија дека тој е припадник на бедуинското малцинство во израелската пустина Негев.Полицијата пукањето го третира како терористички напад, но не соопштува детали за идентитетот на напаѓачот.