ТЕСТО ЗА ПОСНИ КИФЛИЧКИ КОИ НЕКОГАШ СТЕ ГИ ПРОБАЛЕ

Посните кифлички се еден од омилените делови на секоја празнична трпеза, а без нив не може да помине ниту еден важен настан. Затоа ви носиме навистина добар рецепт за најмеките што сте ги пробале досега, секоја е како памук.

Состојки:
500 мл топла вода
1 свеж квасец (40 гр.)
2 лажици шеќер
2 лажички сол
5-6 лажици посен мајонез
1,5 dcl масло
околу 1 кг брашно
сусам, лен

Прелив:
100 гр растопен топол посен маргарин

ТЕСТО ЗА ПОСНИ КИФЛИЧКИ КОИ НЕКОГАШ СТЕ ГИ ПРОБАЛЕ

Начин на подготовка:
Во топла вода (5 dcl) со 2 лажици шеќер, измешајте го квасецот и оставете да се активира, па додајте ги сите останати состојки за тестото. Замесете го мекото, еластично тесто и оставете го да се удвои во волумен. На набрашнета површина направете лепчиња и наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
Покријте ги со кујнска крпа и оставете ги да нараснат околу 20 минути. Секоја кифла премачкајте ја со малку мајонез со малку маснотии и посипете со семки. Печете на 180 степени (загреана рерна) додека убаво порумени. Кога кифлите се речиси готови, ставете го маргаринот во тенџере и загревајте. Кога ќе ги извадите кифлите, секоја премачкајте ја неколку пати со маргарин и покријте ги со крпа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.