Рано утрово во 04:30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улицата „Тодосија Паунов“ во Кочани патничко моторно возило “Киа спортаж“ со кочански регистарски таблички, управувано од 35-годишниот О.Е. од Кочани, излетало од коловозот и се превртело.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот О.Е. од Кочани и сопатникот А.В.(20) исто така од Кочани. Другите сопатници во возилото, С.Г.(40), М.Л.(20) и Ј.А.(21) сите од Кочани, се здобиле со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Медицинскиот центар во Кочани.
На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Кочани и се работи на целосно расчистување на случајот.