Тешка сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје, се преврте автобус-има многу повредени и жртви?!?

Loading...

Автобус на „Дурмо турс“ полн со патници (повеќе од 50) се преврте на автопатот Тетово-Скопје кај Карпалак околу 17 часот, но од МВР се уште нема официјални информации за евентуални жртви и повредени.
Во шпекуалациите како причина за страотната сообраќајка се наведува дека на возачот му се слошило, автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата. Други, пак велат дека на автобусот му пукнала гума и затоа се случила несреќата.
На лице место покрај бројни возила на Брза помош се упатени и протипожарни екипи да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.
Од местото на трагедијата, неофицијално, се јавува за жртви и повеќе од 20 повредени.
На местото на несреќата се упатиле и министерот Венко Филипче, како и медицински тимови од Здравствен дом Скопје, и приватните болници “Неуромедика“ и “Систина“.

loading...