Тешка сообраќајна несреќа, возило излета од патот кај Иљово, делчевско

На 21.09.2024 околу 20.15 часот во ОВР Виница било пријавено дека на регионален пат Виница – Кочани, патничко возило „сузуки“ со винички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(34) од с.Иљово, делчевско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Г.Ц.(46) и В.Ц.(51), двајцата од Виница, додека со телесни повреди се здобиле возачот Т.С. и сопатникот М.С.(53) од Виница, констатирани во болницата во Кочани. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Виница.

Пронајдете не на следниве мрежи: