Kолку платата од 200 евра може да ги задоволи основните потреби за достоинствен живот? Да имаш да преживееш од месец до месец ( не дај боже ако задоцни платата некој ден), да ги платиш сметките, да купиш за јадење, да ги школуваш децата, да купиш облека или пак некој електричен апарат за домаќинството. Живееш само како да можеш да преживееш.
Срамно се зборува за некоја си минимална плата, со која ниту минималните трошоци не можат да се покријат. Двајца родители со минимална плата, две деца дома на кои мора да им се купи и змска јакна, зимски чизми, а за нов автомобил не се ни помисливу на сон. Да се лечиме, да поправаме заби, да купиме нови чевли, да купиме нов фрижидер во домот, сетоа тоа станува луксуз. Една година се штеди за огревно дрво. Се крпи една дупка, додека друга се отвара. Должиме за струја, за вода. Доаѓаат на врата извршители, а луѓето се плашат дека ќе останат и без тоа малку што го имаат.
Се разболуваат, па и така болни работат, бидејќи е луксуз да седиш на боледување.
извор: тешко е да се…