Тешко повреден гостиварец, со возилото излетал од пат






СВР Тетово информира дека вчера (23 март) околу 12.20 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај место викано „Карпалак“, товарно возило „фолксваген кеди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 57 годишниот Б.Е. од Гостивар, излетало од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клинички центар Тетово, извести полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: