Тигрица нападна жена во зоолошка градина, сведоците барале психолошка помош

Жена чувар во Зоолошката градина во Цирих смртно настрадала кога ја нападнала една тигрица, соопштиле властите.
Спасувачките екипи не успеале да го спасат животот на жената која починала на лице место. Околностите на нападот се утврдуваат, навела полицијата во соопштението.
Во заграден дел во Зоолошката градина живеат два сибирски тигри, 5-годишната тигрица Иринија и 4-годишниот мажјак Сајан.
Директорот на Зоолошката градина, Северин Дресен, на новинарите им рекол дека тигрицата сè уште е жива и додал дека не е познато зошто тигрицата и чуварот биле на исто место во заградена зона.
За нападот известил еден посетител, а директорот вели дека очевидците на несреќата добиле психолошка помош.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.