Тие со часови можат да останат вкочанети, и да ги допирате нема ни да трепнат- фантастичната приказна на живите статуи

Постои Гинисов рекорд од 72 часа стоење во место изведено од жива статуа.
Дали сте имале прилика да се сретнете со жива статуа? Тоа се вистински луѓе кои стојат вкочанети со часови како скаменети статуи, отттаму и името „жива статуа“. Оваа улична уметност е многу стара техника за забавување на луѓето.

Македонија го има „Театроск“, уличен театар кој ја воздигнува уметноста транспарентно, најблиску до граѓаните.
„Театроск настана во 2011 година, сосема случајно кога Војо Цветановски и Дарко Велјиќ решија да го создадат за да може да ја споделуваат овој вид на уметност, буквално седејќи на лулашка, двајцата ја добија идејата и според оваа приказна е создаден и нашиот прв акт „Лулашка“ кој го обиколи светот. Важно е дека Театроск е создаден за да ја подигне свеста за уличната уметност и секако да ја распространиме насекаде низ нашата земја. Особено сме радосни што оваа уметност е прифатена од граѓаните и се повеќе луѓе сакаат да бидат дел од Театроск, но и да работат како живи статуи“

Тие со часови можат да останат вкочанети, и да ги допирате нема ни да трепнат- фантастичната приказна на живите статуи

Како се станува жива статуа? Дали може секој да се „претвори“ во жива статуа?
– Секој што сака да стане жива статуа, апсолутно може да проба и да види дали му одговара ваквиот вид на уметност. Секако, прво се поминува работилница, потоа се има пробен настап. Доколку лицето што настапува сака да продолжи да работи како жива статуа и секако ако добро изработи на пробниот настап, тогаш веќе е подготвено да изведува ваква „тивка“ и телесна уметност.

Како успевате да не се поместите, практично да не трепнете толку долго време.?
Сето ова бара многу вежбање и концентрација. Оној кој изведува акт жива статуа треба да е многу смирен и да го најде најсоодветниот начин како би успеал да не се помести. Сите сме различни, некој се смирува со медитација пред настап, некој со слушање класична музика, друг со фитнес вежби неколку часа пред настап итн.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.