Една ТикТок корисничка покажа што ќе излезе од јагодите ако ги измиеме правилно.
„После речиси 25 години, ТикТок ме научи како правилно да ги мијам јагодите“, рекла Криста Торис, која била шокирана кога го видела ситниот црв како излегува од плодот на јагодата по 30 минути во солена вода.
„Па како ги миете инаку јагодите? Само во мијалник, зарем не? Така и јас правам, но очигледно има мали бубачки во јагодите“, вели во видеото.
Таа наполнила сад со вода и додала една лажичка сол, па ги ставила јагодите во солената течност да отстојат половина час.
Снимајќи го малиот бел црв како лази по една јагода, таа вели: „Ужас, ќе повратам“.
Лорен Мекензи Гамбел не му верувала многу на видеото на ТикТок, тврдејќи дека ‘нема шанси’ во нејзините јагоди да постојат ситни црви, сè додека не го пробала трикот и не се уверила дека греши.