“Имав криза на почетокот, но дадов се од себе да издржам. Сите треба да се храниме без шеќер, брашно и млеко. На тој начин ќе ја достигнеме посакуваната тежина, сепак, како и другите жени, јас често се опуштам и накачувам некој килограм“- рече Тијана
Пејачката Тијана Дапчевиќ објави нова фотографија на Инстаграм и го покажа затегнатото тело, новата фризура и предизвика пофалби за нејзиниот изглед.
Имено, Тијана најпрво ја покажа новата фризура, долга руса коса врзана во репче, но и стомачните и тесниот струк.
View this post on Instagram
Пејачката беше на диета со која успеа да изгуби вишок килограми, па затоа нејзините следбеници и напишаа дека никогаш не изгледала подобро.
Инаку, Тијана претходно изјави дека се здебелила 45 килограми за време на бременоста и имала дури 115 килограми пред да се породи.
– Буквално носев уште една личност во себе. Немав врат и рацете ми беа како бутовите. Тогаш решив да направам нешто во врска со тоа. Сепак, почнав да губам тежина само кога сфатив дека не ми треба диета, туку да го сменам мојот животен стил. Ние жените имаме неверојатна блокада на главата кога ќе се спомене зборот диета. Тогаш размислуваме само за храна и што треба да јадеме, а што не треба – изјави тогаш пејачката за локалните медиуми и откри дека денот сега го започнува со овесна каша со чиа и црвено овошје, таа обично јаде мисиркино со зеленчук за ручек и бранцин или орада со салата за вечера.
View this post on Instagram
– Имав криза на почетокот, но дадов се од себе да издржам. Сите треба се храниме без шеќер, брашно и млеко. На тој начин ќе ја достигнеме посакуваната тежина, сепак, како и другите жени, јас често се опуштам и се дебелеам – вели Тијана.