Тијана Дапчевиќ проговори за кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ

Кралот на народната музика Шабан Шалуќ претходната недела почина во тешка сообраќајна несреќа во Германија.
Имено, пејачот заедно со својот музичар и кум се упатил кон аеродром од каде имал лет за Белград кога друг автомобил удри во автомобилот каде што бил пејачот.
Неговото семејство, неговите колеги, пријатели, соработници со неверување ја прифатија веста за смртта на Шаулиќ.
Многумина имаат само пофални зборови за еден од најдобрите гласови и сопственикот на многу хитови.

Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ за еден српски магазин откри што мисли за пејачот чија кариера траеше повеќе од 50 години.
„Јас сум исто како некој да ме удрил, некој со безбол палка. Знаеш она кога не можеш да веруваш… Не е фер, јас навистина не знам што друго да кажам. Не напушти прерарно, можеше уште да ни пее“ изјави Дапчевиќ.
Дапчевиќ истакна што мисли за Шабан.
„Бог, крал на народна музика, некој кој можеше се да отпее. Некој кој милуваше со својот глас. Некој кој беше вистински човек, голем професионалец, некој кој беше единствен, некој кој беше музика“ вели Дапчевиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.