Тоа што се случи во судницата на денот на разводот ќе ве остави во неверување

Иако пејачката Емина Јаховиќ во февруари годинава во отворено писмо потврди дека се разведува од турскиот пејач Мустафа Сандал за прв пат во емисијата кај Огнен Амиџиќ откри детали од разводот.
-Се разведовме на 6-ти јуни и тоа беше многу тешко. Таа криза траеше долго, но медиумите не знаеја за тоа, добро го чувавме тоа само поради децата.

Љубовта долго траеше, се знаеме 14 години и колку време ни требаше сето тоа да го создадеме, толку време ни требаше и сето тоа да го распаднеме. За жал сето тоа заврши, сега сме во супер односи и останавме добри пријатели, вели Емина.
Таа додава дека денот на разводот и е болна тема и ретко зборува за тоа и дека поради обврските нема многу време да тагува.

-Помина се, но денот на разводот беше катастрофален за мене иако за тоа се подготвуваме две години. И физички и психички. Многу плачев кога влегов на судењето и тој тагуваше, видов дека и него не му беше лесно. И кога ќе се сетам на тоа не сакам многу да зборувам. Ми беше многу тешко, започнав да плачам , а судијата тогаш рече: „Те молам престани да плачеш, инаку ќе го одложам судењето, бидејќи ќе мислам дека станува збор за каење и предомислување“, но не беше каење, туку завршување на сето тоа, рече Емина

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.