Во иднина, познатиот швајцарски планински врв Матерхорн нема да се најде на амбалажата на чоколадото Тоблероне, бидејќи дел од производството е пренесено од таа земја.
Пакувањето на чоколадото во форма на пирамида со препознатливиот врв на Алпите ќе претрпи промени и редизајн, а ќе го содржи и потписот на основачот.
Американската компанија Монделез објави дека сликата на планината висока 4.478 метри ќе биде заменета со генеричка слика.
Од 2017 година се применуваат строги правила за „швајцарски карактеристики“. Според овие правила, не е дозволено користење на национални симболи за промоција на млечни производи кои не се произведуваат само во Швајцарија.
За другите прехранбени производи, условот е 80 отсто направен во Швајцарија.
Во изјавата дадена за Би-Би-Си, Монделез рече дека преместува дел од своето производство надвор од Швајцарија за да „одговори на растечката побарувачка ширум светот и да го развие брендот Тоблероне во иднина“.
Тоблероне, чоколадо во форма на планина, направено од швајцарско млеко со мед и нугат од бадем, првпат беше пуштено во продажба во 1908 година во Берн.
Монделез најави дека Берн „е важен дел од нашата историја и ќе продолжи да биде таков во иднина“.