Против хрватскиот пејач Тони Цетински во јануари оваа година беше покренето обвиинение поради истрага за сообраќајна несреќа во Ровињ 2017 година во која животот го изгуби 62-годишен маж.
Цетински чека судот да ја утврди неговата вина, а како што вели без оглед на одлуката на судот, по кобната несреќа за него повеќе не е исто.
– Кога станува збор за обвинението и нашето правосудство, се ќе се дознае во самиот процес колку навистина се на страната на вистината. Како што реков, како судот одлучи – така и ќе биде. Ако се воспостави дека сум виновен, за својата вина јас ќе одговарам, рекол Цетински и додал.
– Се помирив со своите евентуалните исходи, ќе повторам, како и да помине ова судски, ништо за мене повеќе нема да биде исто по тој кобен датум 3.11. 2017 и на никого не сакам да му се случи такво нешто. Тоа е траума која ќе ја носам до крајот на животот и ситуацијата која често ја сонувам и од која не можам да се извлечам, но нормално не може да се мери со трагедијата на семејството и пријателите на Ибрахим Кевиљан, рекол хрватскиот пејач