Тони Михајловски до Зоран Заев: 8 Септември се слави со пријатели, а не со душмани

“Бојкотирам. Ваков ден се слави со пријатели, а не со душмани, Зоране“, напиша синоќа актерот Тони Михајловски по повод прославата на 8 Септември-Денот на независноста, која ја најави премиерот .

За потсетување, одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември, годинава ќе се одвива под мотото “Боите на независноста“ и заедничката прослава ќе се одржи во Градскиот парк, пред Школка.  По повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста, Владата на Република Македонија, ги кани сите граѓани на заедничко чествување в недела, во Градскиот парк во Скопје. Манифестацијата е со почеток во 11:00 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.