Еден од најпознатите британски медиуми, The Guardian, објави истражување во кое ги рангираше градовите според густината на милионери кои ги има.
Дали сте знаеле дека во Монако, секој трет жител е милионер?
Еден од основите проблеми на денешницата е нерамноправноста. Односно, во светот има се повеќе богати луѓе и сиромашни, а средната класа се повеќе изумира. Доказ за тоа е дека половина од светското богатсво, се наоѓа кај 1 % процент од населението.
На првото место според густината на милионери се најде градот Монако, додека после него следуваат швајцарскиот Цирих и Женева. Четвртото место припадна на Лондон, а петти е градот Осло.
Погледнете ја целосната листа од топ 10 градови:
Монако 31,1%
Цирих 24,3%
Женева 17.7%
Лондон 3.4%
Осло 2.9%
Франкфурт 2,7%
Амстердам 2,7%
Фиренца 2.5%
Рим 2,4%
Даблин 2,3%