Кој всушност ја открил Америка?
Првата асоцијација на ова прашање е Кристофер Колумбо. Сигурно сте слушнале „Браво Колумбо, ја откри Америка“! Но, кому навистина му припаѓаат овие заслуги? Првиот човек што стапнал на тлото на американскиот континент е скандинавскиот авантурист Леиф Ериксон, кој во 10 век, околу 500 години пред Колумбо, ја открил територијата што денес ја нарекуваме Њу Фаундленд.
Дали витаминот Ц лечи настинки?
Кога настинуваме, првото нешто што правиме е користиме храна богата со витамин Ц, но дали навистина лечи настинки? Резултатите од многу студии и истражувања покажаа дека витаминот Ц може да го намали времетраењето на симптомите на настинка и грип кај возрасни и деца, но нема моќ да ја намали сериозноста на симптомите на настинката. Така, витаминот Ц не ја спречува или лекува настинката.
Дали постои можност Кинескиот Ѕид да се види од вселената?
Приказната дека Кинескиот Ѕид е единствената градба на Земјата што е видлива од вселената, па дури и Месечината, иако повеќе пати беше побивана со докази, остана како таква до ден-денес. Претпоставките дека оваа светска знаменитост во Кина може да се види од вселената датираат од 19 и 20 век, а всушност оваа зграда е едвај видлива дури и од ниската орбита на Земјата.
Дали сушито навистина е направено од сирова риба?
Повеќето луѓе мислат дека ова најпознато јадење на јапонската кујна и традиција е исклучиво сирова риба. Можеби е омилена состојка на мајсторите за суши, но тоа не значи дека нема суши без сирова риба. Ова јадење е измислено во Кина во 7 век, но до денес многу пати го менувало својот облик, состав и намена.
Што се случува со косата и ноктите после смртта?
Постои популарно верување дека косата и ноктите на починато лице растат. Овој факт е само оптичка илузија предизвикана од сушење и влечење на кожата по смртта. Вистинскиот раст на косата и ноктите бара интеракција на хормоните, што не е можно по смртта.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.