Игор и Цветанка Миќеви брачен пар во кумашинска врска со премиерот Мицковски. Земјоделскиот ресор е окупиран од овој брачен пар од кои Игор Миќев во МЗШВ е во улога на Министер, Државен секретар и редар. Службеници од кабинетот на Цветан Трипуновски веќе почнуваат отворено да зборуваат помеѓу колегите дека сакаат да ја напуштат работата и кабинетот на овој министер за кој велат дека не смее да донесе ниту една одлука без да се консултира и да ја одобри кумашинот на Мицкоски, попознат по прекарот Панкер.
Игор Миќев Панкер е креаторот на кадровската политика во земјоделскиот сектор, а тоа го докажува и фактот што по негова директива се назначуваат директори на инспекторатот, платежната агенција која дели над 200 милиони евра и каде главна е неговата сопруга Цветанка, но за неа малку повеќе подоле во текстот.
Од кажувањата на револтирани вработени во Министерството, се работи за психички растроен човек кој сее страв помеѓу жените службенички во МЗШВ, влегува по канцеларии и одзема лични работи од вработените, вербално напаѓа колеги за кои тој смета дека се неподобни и под негов притисок веќе 30 лица квалитетен кадар веќе го имаат напуштено министерството неможејќи да го издржат притисокот.
Сведок на овие постапки кој гласно говори е Јасминка Костадинова, од кабинетот на Цветан која во холот на министерството со повисок тон растревожено му се развика пред некој ден на Миќев со зборовите: “како можеш на социјални мрежи да ставаш икони, а да им правиш толку лошотија на луѓево во зградава!?”
Но, каде е министерот Цветан Трипуновски во сево ова? Според сведочењата од неговото опкружување, Цветан е исфрустриран од целата ситуација бидејќи не е во можност да проговори, па приморан е на вработените на состаноци по неколку пати да им потенцира дека тој ги носел сите одлуки во министерството без никој да го праша за тоа, што укажува на тоа дека тој потсвесно знае кој ги носи одлуките и кој е главен во МЗШВ.
Во МЗШВ владее хаос и безидејност. Нема нови политики и мерки. Нема ништо. Има само фрустрации на министерот и тие околу него токму заради тоа што се изгубени и незнаат кој правец да го фатат. Или како што самиот Цветан милува да каже тотална ДЕЗ – ДИЗ – ДЕЗИОН – ДЕЗОРИЕНТИРАНОСТ.
Единствена одлука која е донесена лично од Цветан е распоредувањето на 30 службеници од градот во којшто живеат на далечина од над 100 километри со намера истите да ги напуштат работните места за да истите бидат пополнети од партиски војници.
Ваквата одлука Цветан ја носи на 19 август, но националната трагедија настанува на 3 септември кога Цветан носи нов акт со кој го отповикува претходниот, но исклучиво за вработените од албанска националност. Па така, албанците се враќаат на работа во градот во којшто живеат, а македонците остануваат на милост и немилост да патуваат 100 км до работното место. Како резултат на ова веќе 90% од вработените од македонска националност ги напуштија работните места.
Но ова и не е толку изненадувачки бидејќи штом седна во фотељата за Цветан и Република Македонија стана Република Северна Македонија .
Друга небулоза која е крајно незаконска е поставувањето на паралелни раководители на актуелните раководители. Масовно се штампаат решенија за делегирање на работни задачи на административци од пониски нивоа (вмровци). На досегашните раководители не им е доставен никаков акт со право на жалба или приговор. Со ова се создаваат паралелни структури со цел извршување на прљавите директиви кои не поминуваат кај администрацијата која работи во МЗШВ со години и е дел од раководителските структури.
Една од таквите одлуки под диктат е од 2 Јули само неколку дена по стапување на функцијата министер кога со државно земјоделско земјиште се стекнува член од најблиската фамилија на директорот на Платежната Агенција Илија Стоилев – пријател од детство на Игор Миќев и близок соработник на Цветан.
Истата ситуација е и во Платежната агенција каде “главен полицаец” за ред и поредок меѓу вработените го имплементира сопругата на Игор Панкер, Цветанка која се декларира како “шеф на кабинет” на директорот, иако таква функција или работно место воопшто не постои во агенцијата. Цветанка ја има улогата на правење списоци на кој може да се доделат субвенции или договори за финансирање, а на кого не.
Извор: Инфомакс
Пронајдете не на следниве мрежи: