Тотенхем го прегази Интер

Екипата на Тотенхем стекна огромна предност над Интер, по првиот осмина финален меч во Лига Европа, минимална предност стекна Бенфика против Бордо и Базел постигна два гола против Зенит додека од 0:0 реваншот ќе го стартуваат Леванте и Рубин.

Интер против Тотенхем ги демонстрираше сите слабости поради кои игра многу променливо оваа сеозна. Домаќинот предводен од Герет Бејл забележа сигурна победа од 3:0. Бејл ја отвори серијата, предноста ја диплира Сигурдсон, а конечниот резултат го постави Вертонген. Герет Бејл, против Интер, го постигна десетиот гол на последните осум натпревари.Бенфика до минималната предност на Бордо стигна со автоголот на голманот Карасо, додека Базел во финишот го скрши Зенит и со головите на Диаз и Фрај стигна до предност од 2:0. Леванте и Рубин одиграа натпревар без многу убавина и речиси без шанси кој заврши 0:0. Двата тима мечот го завршија со десет фудбалери, кај Леванте Мичел доби директен црвен картон, додека Ансалди од Рубин поради два жолти картони мораше да предвреме да го заврши мечот.
Макфакс
Екипата на Тотенхем стекна огромна предност над Интер, по првиот осмина финален меч во Лига Ев

Пронајдете не на следниве мрежи: