Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од осомничените бега десет минути пред МВР да влезе во објектот! Ќе одговара кој и да ја оддал информацијата!

На јавноста ѝ е познато кои двајца се недостапни на органите на прогонот во врска со истрагите во „Лотарија“, јавно упатувам порака до оној кој вчера пишуваше на Фејсбук дека ќе се врати во Македонија, да се врати и да биде достапен на органите на прогонот, рече денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи во врска со информациите дека Артан Груби е надвор од Македонија.

– Дел од осомничените во врска со втората акција, се надвор од Македонија, не би сакал да дефинираме детали, се уште траат претреси, да си ја сработиме работата и навремено и соодветно ќе ја информираме јавноста, вели Тошковски.

Тошковски праша што правело претходното раководство на МВР што овие лица не се откриени претходно.

На прашањето дали Аратн Груби е на „стоп листата“ за излез од државата Тошковски одговори:

– Сторени се пропусти од страна на полициски службеници, има грешки при работењето и вршењето на задолжителни активности за излез од државата кон Косово, соопшти Тошковски.

Во врска со намерите на терористичката група Тошковски истакна дека целта имале за цел да ѝ нанесат болка на Македонија и се заблагодари на службите

– Со оглед на тоа што имате 18 осомничени лица, четири се обезбедени, дали е акцијата пробиена, очигледно е дека била пробиена, имаше информации дека апсењето треба да биде во вторник, излегоа информации дека акцијата е пробиена од бивш заменик-министер на ДУИ, или за негов син, брат итн и за акцијата во Судскиот совет. За Груби, ако бил ставен на стоп листа, а не бил застанат, грешката е кај полицаецот, или каде ќе ја бараме? – беа прашањата на Инфомакс на кои Тошковски одговори:

– Во јавноста излегувам со информации кои не би довеле под знак прашалник тековна истрага, мислам дека сум доволно јасен, јавноста треба да бара одговори но да не се повредува презумпцијата на невиност. Секој кој е дел од МВР, а е поврзан со нестандардни процедури ќе одговара, без разлика на позицијата.

Во врска со провто прашање дел од осомничените се во затвор, дел од нив ќе бидат изведени на судија на претходна постапка, дел од нив се избегани од територија на Македонија пред подолго време, а еден од нив на десет минути пред да се влезе во објектот го напушта обејктот и истиот не успеваме да го обезбедиме, претпоставуваме дека е излезена информација од страна на одредени нечесни „професионалци“ и да, како за сите, така и за тие, се надевам дека сите до еден ќе успееме соодветни докази за да и тие се најдат пред лицето на правдата, па да видат како е да си криминалец и како е да се биде од таа страна на затворот, истакна Тошковски.

Во врска со прашањето дали лицето кое оддало информации на осомничените е поранешен заменик-министер од ДУИ, Тошковски истакна дека не би се согласил со констатацијата дека одговорил потврдно на прашањето.

Пронајдете не на следниве мрежи: