На Новите гробишта во Белград денеска беше погребан Милан Лаќа Радуловиќ, текстописец, син на Марина Туцаковиќ и Александар Фута Радуловиќ.
Ќе почива во семејната гробница покрај мајка му Марина и братот Милош.
На Новите гробишта денеска се собраа бројни пријатели и колеги за да го испратат Лаќа на вечното почивалиште, а крстот со неговото име го носеше пејачот Данијел Поповиќ, полубрат на Марија Шерифовиќ.
Тие беа одлични пријатели, а Данијел интензивно се дружеше и со Марина. Тие се запознале за време на музички натпревар во 2008 година.
Во тоа време, Туцаковиќ беше еден од членовите на жирито, а Павловиќ беше учесник. Марина го поддржа во тоа натпреварување, а по завршувањето на натпреварот започна неговото дружење со Марина и семејството Радуловиќ.