Душко Тошиќ штом дозна дека неговата баба Дивна Карлеуша починала, веднаш се упати во Србија и пристигна во семејната куќа на Дедиње.
Со оглед на тоа дека Јелена се уште е во шок поради загубата на својата најголема поддршка во животот, нејзиниот сопруг Душко ја превзел на себе обврската да организира се во врска со погребот.
Сепак иако во јавноста се обидуваат да се прикажат како среќен брачен пар кој не го поремети аферата на Јелена со фудбалерот Огњен Врањеш, изгледа дека реалноста е поинаква.
Имено Душко Тошиќ рано изутрина е виден како доаѓа во куќата во Дедиње, што значи дека не преспал во семејниот дом.
По се судејќи кризата во бракот на Јелена и Душко не поминува, но од почит кон баба му со која имал добар однос ги прифатил обврските околу организацијата на погребот.
Сигурно сака да и помогне на Јелена, бидејќи пред шест месеци и самиот остана без татко, па во потполност ја разбира нејзината болка.