Трагедија во Сирија! Најмалку шест лица загинаа кога автобус излетал од патот во река: Претежно тоа беа деца!

Најмалку шест лица, од кои повеќето деца, се удавија денеска кога училишен автобус излетал од патот во река во северозападна Сирија .Автобусот паднал во реката Оронтес, соопшти локалната организација за цивилна одбрана позната како Бели шлемови, пренесува АП.Како што е соопштено, сè уште не е јасно што ја предизвикало несреќата.Тоа е последната трагедија што ја погоди областа, која веќе е тешко погодена од сириската граѓанска војна и разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и северна Сирија минатата година.

Пронајдете не на следниве мрежи: