ТРАГЕДИЈА: Дете загина од удар од гром во гевгелиско Негорци

Тинејџер од Негорци го загуби животот од удар од гром во невреме што денеска го зафати гевгелиското село Негорци.

Трагедијата ја потврди и Министерството за внатрешни работи, од каде објаснуваат дека момчето го напасувал добитокот на отворено.

„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со изгореници по телото, најверојатно од удар од гром, кај малолетник од с.Негорци, кој напасувал добиток“, информираат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: