Според истражувањето на “Economist Intelligence Unit”, Сингапур веќе петта година по ред е прв на листата на најскапи градови за живот, но и без оглед на тоа, тој е една од најпопуларните туристички дестинации.
Известувачката единица на економисти објавува ваква листа на секои шест месеци, споредувајќи ги цените на 160 производи и услуги помеѓу кои се храната, пијалоците, облеката, превозот и комуналната хигиена.
Сингапур е на првото место на најскапи градови за живот поради моќната автомобилска индустрија. Имено, Сингапур е најскапото место на светот за купување и одржување на автомобили. “CNN” пишува дека сингапурската влада го регулира сопствеништвото над автомобилите, ограничувајќи го бројот на дозволи за движење со истите. Од октомври 2017 година, дозволите изнесуваат 37 илјади долари, а истите важат 10 години.
Освен купување и одржување на автомобили, Сингапур е најнеповолното место на светот за купување на облека, но иако се смета за најскап град, тој е еден од најпопуларните туристички дестинации.
Веднаш зад Сингапур, на листата на најскапи градови во светот се најдоа Париз и Цирих. Најистакнатиот американски град на оваа листа е Њујорк, кој го зазеде 13-тото место, а по него следува Лос Анџелес на 14-тото место.