Доналд Трамп е на врвот на листата за луѓе на кои останатите најмногу им се восхитуваат откако оттаму го симна Барак Обама.
Според годишната анкета на Gallup сега личност на која најмногу ѝ се восхитуваат е претседателот на САД во заминување, Доналд Трамп. Тој успеа до толку да ги освои Американците, што иако не го реизбраа, по цели 12 години му ја доделија оваа утешна титула на сметка на Барак Обама. Претходникот на Трамп заврши втор, додека новоизбраниот претседател Џо Бајден и е на третото место.
Осмунаесет отсто од испитаниците одговориле дека најмногу му се восхитуваат на Доналд Трамп, додека 15% одговориле дека тоа е Барак Обама, објави денеска Gallup. Бајден, пак, успеа да восхити само 6%.
До топ 10 се најдоа и д-р Ентони Фаучи, папата Франциск, Елон Маск, Бил Гејтс, сенаторот Берни Сандерс, Леброн Џејмс како и Далај Лама.
На дури 60 од 74 години, колку што постои изборот, победува актуелен претседател на САД. Трамп беше втор зад Обама во 2017 и 2018 година, додека двајцата беа израмнети лани. Обама победуваше 12 години по ред.
Кај понежниот пол, трета година по ред победи Мишел Обама, пред Камила Харис, Опра Винфри, Александриа Окасио-Кортес и Хилари Клинтон.