Републиканскиот кандидат за претседател и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, изјави во петокот дека Израел треба да ја гаѓа иранската нуклеарна инфраструктура, откако актуелниот демократски претседател Џо Бајден рече дека „би размислил“ дали да ги гаѓа иранските нафтени постројки доколку би бил на местото на Израел.Тензиите меѓу Иран и Израел се на високо ниво бидејќи Израел ги разгледува опциите како да одговори на нападот со балистички ракети на Техеран, кој Иран го започна во вторникот како одговор на воената акција на Израел во Либан и убиствата на високи претставници на регионалните сојузници на Блискиот исток вклучителн и со акција во иранската престолнина Техеран, како и убиствата на високопозиционирани ирански воени советници.Претходно во петокот, Бајден рече дека доколку би бил на местото од Израел „ќе размислува за алтернативи за таргетирање на нафтените постројки“, додавајќи дека Израел сè уште не одлучил како да изведе контранапад и дека „се уште е предмет на дискусија“.Трамп подоцна го критикуваше Бајден од собир во Северна Каролина и отиде чекор подалеку, сугерирајќи дека Израел прво треба да ја „таргетира нуклеарната“ инфраструктура и „подоцна да се грижи за останатите“, според агенцијата France Presse.Трамп подоцна го критикуваше Бајден од собир во Северна Каролина и отиде чекор подалеку, сугерирајќи дека Израел прво треба да ја „таргетира нуклеарната“ инфраструктура и „подоцна да се грижи за останатите“, според агенцијата France Presse.
Пронајдете не на следниве мрежи: