Трамп: Имаме лудаци, болни луѓе!

Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп не ја отфрли можноста за користење на припадници на Националната гарда или војска за борба против радикалните левичарски сили за време на ноемвриските избори.
„(Во САД) имаме многу лоши луѓе, болни луѓе – левичарски лудаци“. И мислам дека Националната гарда или, ако навистина е потребно, армијата лесно може да се справи со нив“, вели поранешниот претседател во интервју за „Фокс њуз“, одговарајќи на прашањето како, според него, ќе поминат изборите и дали тој ден ќе има „хаос“.

Трамп исто така истакна дека внатрешните непријатели се поопасни од надворешните закани.
„Внатрешниот непријател, според мене, е поопасен од Кина, Русија и сите овие земји“, додаде тој.
Реагирајќи на изјавата на Трамп, штабот на неговата противкандидатка Камала Харис објави дека Трамп предлага „нешто опасно“ и дека неговото враќање на претседателската функција „едноставно би претставувало ризик што Американците не можат да си го дозволат“.
Претседателските избори во Соединетите Американски Држави ќе се одржат на 5 ноември. Трамп и Харис ќе се борат за позицијата шеф на државата. Трамп беше 45-тиот претседател на Соединетите држави и беше од 2017-2021 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: