ТРАМП КАЗНЕТ ЗА ИЗМАМА: Поранешниот американски претседател треба да плати 350 милиони долари

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп од судот во Њујорк е казнет со 350 милиони долари за финансиска измама, лажно прикажување на вредноста на неговиот имот за да добие деловни придобивки.

Артур Енгорон, судија во судот во Њујорк, исто така одлучи дека Трамп не смее да ја извршува функцијата директор на компанија во таа сојузна држава три години.

Неговите синови Доналд Трамп Џуниор и Ерик Трамп се казнети со по четири милиони долари, а им е изречена забрана да бидат на чело на компанијата во Њујорк во период од две години.

Поранешниот американски претседател претходно изјави дека ова судење е политички лов на вештерки.

И покрај правото на жалба, Трамп мора да ги собере парите во рок од 30 дена.
Тужбата против Трамп и неговото семејство ја поднесе обвинителката на државата Њујорк, Летиција Џејмс, пред две години.

Таа ги обвини за фалсификување на нето вредноста на клучните финансиски извештаи за да обезбедат даночни и осигурителни бенефиции за бизнисот во Њујорк. Тужителот барал парична казна од 370 милиони долари.


Пронајдете не на следниве мрежи: